Корона вирусот удри по здравјето, но удри и по економијата. Огромни се штетите на македонските компании. Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра. Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство. Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи. Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси. Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ