На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет се обрати и пратеникот Владимир Ѓорчев кој истакна дека случајот „Југохром“ е најдобар доказ дека се што СДСМ вети излажа.
Поминаа 2 (ДВЕ) години од ВЕТУВАЊЕТО (со рака на срце) на Зоран Заев дека Југохром ќе биде отворен “најдоцна до април – мај 2018 година”. Трпи цела општина Јегуновце (700 отпуштени), Тетовско и економијата на цела Македонија. Народот се сели и заминува. Потребни се работни места, инвестиции и погони, напиша Ѓорчев.