Економија 21. јануари 2019. / 21:20

Газда Хари ја купи „Тиранска Банка” – Албанија го одобри купувањето

Газда Хари ја купи „Тиранска Банка” – Албанија го одобри купувањето

Албанскиот државен орган за заштита на конкуренција објави дека е одобрена продажбата на 98,83 отсто од акциите во Тирана банка на албанската инвестициона група „Балфин” и македонската Комерцијална банка, која е управувана од Хари Костов, од страна на грчката Пиреа банка, откако информацијата за обврзувачкиот договор помеѓу овие страни проструи во јавноста во август минатата година. По ваквата одлука, се очекува трансакцијата од 57,3 милиони евра да ја одобри уште централната банка на Албанија, пред договорот за купопродажба да стапи во сила, објави Фактор.

Комисијата за заштита на конкуренција го одобри договорот за концентрација на пазарот на банкарски услуги во Албанија, се вели во соопштението. Пиреа банка во август објави дека склучила договор со Балфин и Комерцијална банка, која ја води Косов, за продажба на акции во нејзината подружница во Албанија, Тирана банка.

-Вкупниот надоместок изнесува 57,3 милиони евра (65,3 милиони долари) за 98,83 отсто од акциите на Пиреа Банка во Тирана. – рече тогаш грчкиот кредитор.

Комерцијална банка во своето соопштение на Македонската берза во август соопшти дека Балфин ќе го поседува мнозинскиот удел во Тирана банка по купувањето. Тирана банка ќе продолжи да работи како посебен ентитет, додаде Комерцијална банка.

Основан во 1996 година, Тирана банка беше првата приватна банка која започна со работа во Албанија. Во него функционираат 39 филијали и 71 банкомати низ целата земја, според податоците на веб-страницата на албанскиот кредитор.

Комерцијална банка е најголемиот кредитор во Македонија, со средства поголеми од 1,7 милијарди евра. Вклучувајќи ја и инвестицијата во Тирана банка, инвестициското портфолио на Балфин изнесуваше 1,4 милијарди долари, со инвестиции во Албанија, Македонија, Косово, Босна, Црна Гора, Австрија и Обединетото Кралство.

По спогодбата за купопродажба на акции, на крајот на август 2018 година, почитувајќи го крајниот рок од 30 дена, за договорот беше информирана и албанската комисија за заштита на конкуренцијата по што започна процедурата на евалуацијата на трансакцијата лоциран помеѓу Пиреа банка од една страна, како и Балфин КПС и Комерцијална банка АД Скопје од друга страна.

Во заклучоците се вели дека банкарскиот сектор во Албанија е пазар без концентрација на доминантни банки и Тирана банка поседува мал дел од овој пазар и се очекува дека по кратко време истата може да го зголеми пазарниот удел на услугите, Купувачите како и самите нивни компании (мислејќи на Балфин) работат на различни пазари и структури на пазарот, а страните во трансакцијата ги исполнуваат критериумите.

Се проценува дека со преносот на сопственоста на акциите, Тирана банка нема да ја промени својата позиција на пазарот. Исто така, се проценува дека ова трансакцијата нема негативно да влијае на спроведувањето на монетарната политика.

Во Албанија во моментов работат 15 банки и доминираат филијали на странски банкарски групации, чиј капитал потекнува од Италија (Венето Банка), Австрија (Рајфајзен банка), Германија (Прокредит банка), Унгарија (ОТП Банка), Грција (Алфа банка, Банка НБГ Албанија), Бугарија (Прва инвестициона банка Албанија), Турција (Национална комерцијална банка), Саудиска Арабија (Обединета банка на Албанија) и Кувајт (Албанска кредитна банка) Домашните банки се: Унион Банка, Банка Кредитс и Банка Американски инвестициски фонд.

Осврнувајќи се на податоците на Албанската асоцијација на банки за 2017 година, според средствата во посед, Националната комерцијална банка има највисок процент на средства аедно со Рајфајзен банка и Кредит Банка. Банкарскиот пазар во однос на средствата е класифициран како умерено концентриран без присуство на банки со доминантна позиција. Истото важи за пазарот на депозити и на кредитниот пазар,

-Бидејќи Балфин КПС не работи на пазарот банкарски услуги или пазари поврзани со банкарскиот пазар и Комерцијална банка АД не работи и не генерира приход во Република Албанија, во сегашната ситуација оваа трансакција не резултира со промена на структурата на пазарот. Главниот акционер на Тирана банка, Балфин КПС, има контрола на голем број на компаниите во и надвор од земјата и активноста на Банката во Тирана се очекува да биде под влијание на економската активност на компаниите контролирани од Балфин КПС и економските и финансиските перформанси на овие компании ќе бидат гаранција за стабилноста на Тирана банка и целиот банкарски систем како целина. – се вели во заклучокот при одобрувањето.

Се оценува дека ликвидноста на Тирана банка нема да влијае врз кредитното портфолио на компаниите контролирани од Балфин КПС и се очекува банката да ја зголеми својата пазарна моќ Со договорот за купопродажаба, Комерцијална банка и партнерот треба да обезбедат гаранција за одржливоста на работните места во Тирана банка, во согласност со обврските да не се променат организациската структура и бројот на вработени.

По објавувањето на веста минатото лето, од Комерцијална банка известија дека трансакцијата е предмет на регулаторни одобренија во соодветните јурисдикции, велат од Комерцијална банка по повод преземањето на Тиранската банка заедно со Балфин груп. Од домашната банка велат дека пред финализирање на соодветната трансакција и добивањето на сопственичките права во Тирана банка, потребно е претходно да се добие согласност од соодветните регулаторни тела во двете држави.

-Во овој контекст сопственоста, а со тоа и гласачките права во Тирана банка, ќе бидат остварени по целосното завршување на трансакцијата. – стои во известувањето од Комерцијална банка.