Економија

(ФОТО) Протест пред Министерството за земјоделие: Шумската полиција протестира – си ги бараат парите

(ФОТО) Протест пред Министерството за земјоделие: Шумската полиција протестира – си ги бараат парите

Поради неисплатени прекувремени  ноќни и празнични часови, шумската полиција протестира пред Министерството за земјоделие.

Додека шумската полиција протестира пред Министерството за земјоделие, распишан е нов оглас за вработување на 170 луѓе во Македонски шуми.

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски изјави дека до крајот на мај годинава треба да завршат преговорите за потпишување колективен договор со Шумската полиција.

Како што соопшти денеска Министерството за земјоделство, на денешната средба со претставници од Шумската полиција станало збор и за евиденцијата на прекувремени работни часови кои ќе се докажуваат со записници за одземање предмети и средства.

Се отворило и прашањето за материјало-техничките услови за работа на Шумската полиција, при што е договорено таа да има активна улога во измените и дополнувањата на Законот за шуми.

„Се дискутираше за постапката пред другите надлежни органи, со што ќе се увиди потребата од прекувремени часови. Се очекува до средината на мај да заврши процесот на преговори во однос на потпишувањето на колективниот договор“,  соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.