Економија 07. февруари 2020. / 21:03

(ФОТО) Лажни ветувања на власта – Вчера механизација и работници, денеска глува тишина

(ФОТО) Лажни ветувања на власта – Вчера механизација и работници, денеска глува тишина

Горд сум на личната заложба, посветено време и работа на Владата во претходниот период за да денес во мојот роден крај започне реализацијата на терен на проектот за реконструкцијата и проширувањето на магистралниот пат Кр. Паланка – Деве Баир. Вредноста на оваа нова инвестиција на Владата е над 10 милиони евра со грант од ?? од околу 2 милиони € – се пофали вчера Љупчо Николовски, Генерален секретар на СДСМ.

Фотографија од 6 февруари

И додека тој вчера позираше пред градежна механизација и куп работници, денеска пусто на терен. Ни камион, ни работник… само снег и кал и траги од вчерашното сценарио.

Фотографија од 7 февруари

Јавното претпријатие за државни патишта ја спроведе и заврши целата постапка и сега на почетокот на 2020 год. овој значаен проект за овој регион и целата земја започнува со реализација и треба да заврши за две години во целост – напиша Николовски.

Но, пенкалото дава само празни зборови, но не и дела…

Фотографија од 7 февруари
Фотографија од 6 февруари