Економија 18. декември 2018. / 11:19

Фирмата „на Вицето“ работи само во четири очи: 65 милиони од РЕК, без тендер!

Фирмата „на Вицето“ работи само во четири очи: 65 милиони од РЕК, без тендер!

65.313.000 денари (1.о62.000 евра), добила вкупно од „РЕК Битола“ годинава компанијата „СВ Инвест“, која се поврзува со името на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев – покажува анализата на Економски Лидер.

Досието на компанијата во бирото за Јавни Набавки покажува дека оваа сомнителна компанија, не добила ниту еден денар на тенер, односно сите пари ги добивала исклучиво во директен договор во четири очи со „РЕК Битола“. Со само 4 договори во четири очи, оваа комопанија инкасирала над 1 милион евра, во само една година!

Сите набавки на „СВ Инвест“

Компанијата добила 22.833.000 денари за „Ангажирање на помошна механизација за потребите на рударска оператива во ПЕ Рудници, РЕК Битола“, за која Економски Лидер, минатата недела откри дека оваа механизација воопшто не е во сопственост на компанијата „на Вицето“, туку ја поседуваат други компании. „СВ Инвест“ нема ни вработени кои се ангажирани, тие се изнајмени од сосем трета комоанија (линк од целото истражување). Оваа услуга, во Бирото за јавни набавки не може да се пронајде како претходно користена од РЕК Битола, па не може да се направи споредба со цената за неа претходно, кога таа се доделувала на тендер, а не во четири очи.

Фирмата „на Вицето“ инкасирала и 21.240.000 денари за „Услуга од технолошко чистење на БТО системите во ПЕ Рудници, РЕК Битола“. Симптоматично е што и оваа услуга претходно ја нема во регистерот на Бирото за Јавни Набавки. Така што останува непознато колку и дали претходно се користела. Исто е и со „Услуга од ангажирање на помошна работна рака за технолошко чистење на БТО системите за ПЕ Рудници, РЕК Битола“, за која „СВ Инвест“ исто така добила над 21.240.000 денари во четири очи, но во бирото нема доказ дека таа претходно се користела за да се направи споредба.

Според извори на Економски Лидер од „РЕК Битола“, овие услуги претходно се користеле, но, тие во тендерите биле делени во лотови. Сега, намерно од РЕК им ги менуваат називите, за да може да се прикрие трагата за тоа колку чинела истата услуга претходно, кога се доделувала на тендер, а не во четири очи на компанијата поврзана со Вице Заев.