Непотизмот како појава широко е распространет со власта на СДСМ. Сведоци сме на вработување на сопруги на функционери, братучеди, роднини на носители на јавни функции под државна капа.
Таквиот непотизам го зафатил и Македонскиот телеком, па во исто време кога се пишува за носење на одлука за технолошки вишок според политички мотиви и реваншизам, до нашата редакција стигнаа информации за непотизам кај дел од менаџментот на Телекомот во кој и државата има удел.
Иако побаравме официјална информација до пред објавувањето на ваквата вест не добивме ниту потврда или демант.
Во Телекомот според засега непотврдени информации вработени се:
Наташа Љушева, Служба за продукт маркетинг во Сектор за маркетинг за приватни корисници. сопруга на Никола Љушев ,Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Гордана Пројкоска, Сектор за продажба за приватни корисници, сопруга на Славко Пројкоски , кој е Главен директор за финансии на Македонски Телеком.
Драгана Станчева, Служба за продукти и сервиси за деловни корисници, Сектор за маркетинг за деловни корисници, сопруга на Бранко Станчев , Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.
Телекомот го следи скандал на планирање на одлука за технолошки вишок во услови кога менаџментот вработува свои блиски.
Интересно е што Телекомот соработува и со агенции чие планирање за реорганизација го прават луѓе блиски до актуелната влада.
Лидер го истражува случајот.