Економија 15. август 2019. / 17:18

Financial Тimes: Македонија со пад од 15 места на индексот за гринфилд инвестициите

Financial Тimes: Македонија со пад од 15 места на индексот за гринфилд инвестициите

Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите ФДИ за 2019.

Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните но и надвор од нив.

За илустрација во 2016 година бевме на високото 3-то место (горна слика) за само 2 години подоцна да доживееме пад од 15 места и сега сме на 18-то место(долна слика).

Странски инвестиции во Македонија скоро и да нема, она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на компаниите.