Денеска во Стопанската Комора да одржа конференција на која се донесе заклучок дека во Македонија компаниите многу малку или воопшто не користат факторинг, особено микро, малите и средните фирми, пренесе МИА.
За Факторингот како алтернатицвен начин на финансирање општо ниско е нивото на свеста. Како што беше речено на денешната конференција во Стопанската комора, со факторингот фирмата може навреме да ги наплати фактурите без вообичаено да чека 60 до 120 дена, може да обезбеди капитал за до го води бизнисот, да ги исплати добавувачите и вработените, како и да го поттикне својот раст и развој. За разлика од банкарските кредити, факторингот не бара дополнително обезбедување.
Засега кај нас овој начин на финансирање го користат банките и само некои фирми што слушнале и што знаат дека е тоа опција да си помогнат во даден момент, а го нудат и осигурителните друштва, како и Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) како придружен производ на осигурувањето за извоз.
За споредба, во Словенија чиј пазар е поразвиен од останатите во регионот, достигнува три проценти од БДП или 1,2 милијарди евра, а во Европска унија обемот на факторинг изнесува повеќе од 10 отсто на БДП.