Економија 15. април 2020. / 13:53

Фактор: Владата сака да ги продаде ТЕЦ Неготино и Тутунски комбинат Прилеп?

Фактор: Владата сака да ги продаде ТЕЦ Неготино и Тутунски комбинат Прилеп?

Бирото за судски вештачења на барање на Владата лани направило проценка за тоа колку вредат Термо-електраната Неготино и Тутунски комбинат Прилеп, пишува „Фактор“.

Ова го пишува во новообјавениот стратешкиот план на бирото, а истото за „Фактор“ го потврдува директорот Валдет Џафери. Од сето ова може да се заклучи дека кај Владата може да се јавил интерес да ги продаде на приватен инвеститор.

Најзначани проценки, како што објавува бирото, во 2019 била вредноста на ТЕЦ Неготино, ТК Прилеп, земјиштето на преносниот гасоводен систем што го гради АД ГА-МА, како и проценките на конфискациите на Агенцијата за управување со одземен имот. Најмногу проценки пак се правеле за потребите на ЈП за Државни патишта, Македонски енергетски ресурси, Агенцијата за вработување, Министерството за финансии, Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, пишува  „Фактор“.

Тоа се најзначајните субјекти на кои ја извршивме проценката на нивната целокупна вредност. Оваа година немавме барање за работа од таков тип. Ние како Биро за судски вештачења имавме обврска на барање на Владата само да ја констатираме нивната вредност, а кои се мотивите тоа нас не не интересира, вели директорот Џафери.

Тој додава дека не е коректно да се истакнува нивната вредност, односно нивната евентуална цена со која би можеле да бидат понудени на продажба. Џафери вели дека евентуалната сума може да ја соопшти само Владата, на чија адреса „Фактор“ и ќе се обрати.

Владата во 20017 размислуваше за продажба на ТЕЦ Неготино, која во мо0ментов е наменета за работа само во вонредни околности, а беше објавен и меѓународен тенедер за продажба на централата. Стручната јавност беше против евентуалната продажба.

Тутунскиот комбинат (ТК) Прилеп повеќе не е загубар, минатата година ја заврши со добивка од 39,2 милиони денари што главно се должи на подобрената продуктивност со растоварувањето од превработеноста, како и на стратегиското партнерство што го воспостави во меѓувреме, ,пишува  „Фактор“