Економија 22. февруари 2020. / 20:35

Еве кои пет нови компании добија дозвола за одгледување на марихуана

Еве кои пет нови компании добија дозвола за одгледување на марихуана

Уште неколку компании за одгледување на медицинска марихуана добија лиценци на почетокот на годинава, откако функционира техничката влада за спроведување на изборите на чело со премиерот Оливер Спасовски.

Како што е објавено на Службен весник, на 41-та владина седница оддржана на пред 5 дена (15.02.2020), две компании добиле согласност за одгледување на канабис за медицински цели, меѓу кои „Сејф Фарма“ од Демир Капија и „Чилам“ регистрирана во Скопје.

Еден ден претходно, пак, се оддржа 38-та владина седница, на која владата и издала согласност за медицинска марихуана и на скопската компанија „Еурокан Земјоделие“.

Во истиот период, односно на 25-тата владина седница (11.02.2020 година) согласност добиле и компаниите „МБ Биоцентрум“од Скопје и „Маријупхарма“ од Богданци.