ЕЛЕМ од Регулаторна комисија за енергетика ќе побара намалување на цената на електричната енергија, за 2018 година.
Ова денекса го најави првиот човек на државните електрани Драган Миновски, кој беше во посета на РЕК „Битола“.
„Минатиот период ЕЛЕМ постигна многу позитивни финансиски резултати во своето работење. Поради домаќинското работење, намалените трошоци, одговорното работење на менаџментот, оптималното искористување на производните капацитети, продажбата на вишоци, која беше направена во изминатиот период и која следи во периодот пред нас, дозволија ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година, да побара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1, 5 проценти за годинава. Се надевам дека и другите компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ. Тоа е нашето барање, доколку Регулаторната комисија смета дека има дополнителни можности за намалување тоа ќе го спроведи“, изјави Миновски.
При денешното одбележување на годишнината од пуштањето во работа на вториот блок во РЕК „Битола“, беше речено дека кај најголемиот производител на струја во државата се отпочнати ремонтните активности во кои ќе се инвестираат десет милиони евра, а на депонијата веќе има резерви од 200. 000 тони јаглен.