Економија 20. јули 2018. / 11:59

ЕЛЕМ продаде вишоци на струја за околу 800.000 евра

ЕЛЕМ продаде вишоци на струја за околу 800.000 евра

ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 12.000 мегават часови, по просечна цена од 66.34 eвра за мегават час.

Вкупниот приход за компанијата од оваа продажба е 796.080 евра.

Продадените вишоци електрична енергија се за септември 2018г. Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава.

ЕЛЕМ досега продаде вкупно 217.560 мегават часови, со вкупен приход од 11. 595.638 евра.