Економија 12. август 2020. / 19:21

ЕКСКЛУЗИВНО: Нина Ангеловска го извадила својот депозит од 200.000 евра од Еуростандард знаејќи дека банката ќе пропадне?

ЕКСКЛУЗИВНО: Нина Ангеловска го извадила својот депозит од 200.000 евра од Еуростандард знаејќи дека банката ќе пропадне?

Министерката за финансии Нина Ангеловска е еден од штедачите во сега веќе пропаднатата Еуростандард Банка. Во својот анкетен лист доставен до ДКСК таа има наведено дека во оваа банка имала орочено 200.000 евра.

До редакцијата на Економски Лидер стигна непотврдена информација дека министерката во четвртокот  ги извадила своите пари од банката, по инсајдерската информација која ја добила дека банката ќе пропадне.

Ова значи дека Ангеловска, како државен функционер сторила кривично дело, постапувајќи и богатејќи се поради инсајдерска информација.

По закон, штедните влогови во овој износ не се обештетуваат, што значи дека Ангеловска, доколку не би ги извадила овие пари од банката, тие би пропаднале и таа би ги изгубила.

Главниот уредник на Лидер, на денешната прес конференција ја праша министерката Бежовска околу ова прашање, но, таа одговори дека идентитетот на штедачите во пропаднатата банка е класифицирана информација.