Економија 17. август 2018. / 20:25

Ејпл сепак влегува во автомобилската индустрија

Ејпл сепак влегува во автомобилската индустрија

„Епл“ не се откажа од развој на својoт прв автомобил, се појави нова информација дека идејата за Apple Car се уште е жива. Американскиот технолошки гигант ќе понуди на пазарот сопствен модел на автомобил во наредните пет години, смета аналитичарот кој досега многу прецизно го предвидуваше развојот и лансирањето на производите на „Епл“.

Една од идните инвестиции во кои „Епл“ ќе ги насочи парите за инвестирање во нови производи и пазарни сегменти ќе биде Apple Car, истакнал Минг-чи Куо, технолошки аналитичар чие мислење е високо почитувано во ИТ-светот.

Куо, кој во моментов работи за TF International Sekuritis, очекува Apple Car да се појави помеѓу 2023 и 2025 година и дека ќе донесе револуција на пазарот на автомобили, како што тоа го направи iPhone кога се појави во 2007 година. Тој смета дека во автомобилскиот сектор има „големи барања за промена“ на постоечкиот концепт на возило, бидејќи во тек е процесот на редефинирање на новите технологии. Напредната технологија на Apple, како што е работа на полето на „проширена реалност“, целосно може да го редефинира автомобилот како производ, вели Куо.

Според него, „Епл“ може значително поуспешно да ги интегрира хардверот, софтверот и различните услуги на клиентите, од конкурентните компании во потрошувачката електроника и автомобилската индустрија.