Отворена е предстечајна постапка за една од фирмите на Веибо во Македонија. Основиот суд донесе решение со кое на посебна судско рочиште ќе се утврдат условите за отворање стечај на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Веибо груп констракшн, објави Централниот регистар. За привремен стечаен управник е поставен Младен Веселинов, кој ќе го штити имотот на компанијата во времето до отварањето на стечајот. Турската компанија Веибо има и друга фабрика во Македонија. Вработените во текстилниот погон во Крива Паланка ги чекаат заостанатите плати, а вицепремиерот Кочо Анѓушев неодамна изјави дека едно од решенијата за оваа фабрика е и отворање стечај.
Во решението на судот за Веибо груп констракшн стои дека се замрзнува имотот на фирмата и се забрануваат исплати од сметките.
Инаку проблемите на Веибо во земјава почнаа кога Турците се жалеа дека не можат да ги испорачаат нарачките оти нема доволно квалификувани текстилни работници. Одговорајќи на пратеничко прашање Анѓушев неодамна изјави дека минатата недела дека три компании се заинтересирани да ги превземат вработените од компанијата Веибо груп, а за исплата на заостанатите плати едно од решенијата е и стечајна постапка
„Веибо груп има капитал од 2,5 милона евра, а неговите долгови се под таа сума и согласно законите, ако компанијата не ги исполнува условите, може да биде блокирана. После тоа може да се отвори стечајна постапка, а по законската постапка, вработените можат да си ги добијат платите, појасни Анѓушев.
Веибо ги поседува во Македонија Веибо груп констракшн и Веибо груп Маседонија.