Откако службеник за безбедност (Safety officer) на турската компанија “Џевахир холдинг” на социјалните мрежи го навреди портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски и истовремено ја откри локацијата на која што живее тој со своето семејство, стигна реакција со осуда од Џевахир Холдинг.
Џевахир Холдинг се оградува од однесувањето на вработениот и ги осудува начинот на комуникација и споделувањето на личните податоци. Целата комуникација е водена од личниот профил на посочениот вработен на што ние како компанија немаме ингеренции и надлежност да сугерираме или контролираме.Компанијата, исто така не може и не ги контролира приватните релации на своите вработени, па така и овој инцидент не е во наша контрола или одговорност. Сепак го изразуваме нашето жалење за загрозената приватност на г. Наум Стоилковски. Што се однесува за видео надзорот, камерите го снимаат само градилиштето каде работат околу 400 вработени од сите националности. Видео записот автоматски се складира, така што пристап до овие материјали е само и исклучиво со строго контролирана процедура и одобрение од менаџерскиот тим. Вработениот којшто коментирал не работи во обезбедување и нема никаков пристап до записите од овој надзор. Дополнително, во моментот кога се случил инцидентот, тој беше на боледување.Како компанија што работи во Македонија, Џевахир Холдинг се раководи од законите на државата и правилата на функционирање на системот. Истовремено, почитувајќи ги максимално демократските принципи, моралните и етички начела во државата, стои во реакцијата на Џевахир Холдинг
Службеник за безбедност (Safety officer) на турската компанија “Џевахир холдинг” на социјалните мрежи го навредува портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски и истовремено ја открива локацијата на која што живее тој со своето семејство, пренесува порталот Експрес.мк.
Коментирајќи на медиумски текст за Стоилковски со тешки лични навреди лицето Асим Бислим ја дава точната локација на домот на Наум Стоилковски и со тоа во зовриената политичка ситуација со наведување на радикални политички активисти го става во опасност и портпаролот и неговото семејство.
Посебно прашање на кое ќе треба да одговорат и Бислим но Џевахир Холдинг е од каде му е информацијата за адресата на службеникот за безбедност.
Ова прашање е од голема важност затоа што од трите згради висококатници на “Џевахир Холдинг” во скопската општина Аеродром има визуелен контакт со домот на Стоилковски што упатува на можноста тој и неговото семејство да се под надзор на специјални апарати за надзор и видео мониторинг.