Економија 15. февруари 2021. / 18:15

Драстичен пад на бизнисот на домашните градежни компании во странство

Драстичен пад на бизнисот на домашните градежни компании во странство

Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211 913 илјади денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162 755 илјади денари, што е за 42,7 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019-та  година.

Во Германија се извршени градежни работи во вредност од над 90 милиони денари, во Црна Гора од приближно 30 милиони денари, во Босна и Херцеговина од близу 20 милиони денари, а во вредност од 10 милиони денари во Косово.