Економија 10. октомври 2019. / 17:02

Донесен ребалансот на Буџетот: Има намалување на приходната и расходната страна за 0,5%

Донесен ребалансот на Буџетот: Има намалување на приходната и расходната страна за 0,5%

Пратениците денеска со 56 гласови „за” го изгласаа дополнетиот ребаланс на Буџет за 2019 година.

Со ребалансот , според Владата, се врши алоцирање средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти, повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати.

Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари, а дефицитот останува непроменет и е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари. Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 3,5 отсто.