Економија 16. јуни 2020. / 18:30

Донесен протокол за отворање на хотелите од понеделник

Донесен протокол за отворање на хотелите од понеделник

На денешната седница на Владата е донесен Протокол за работа на угостителски објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

Овој протокол почнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.