Економија 05. јули 2018. / 12:26

Доналд Трамп од ОПЕК бара пониски цени на нафтата

Доналд Трамп од ОПЕК бара пониски цени на нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно жестоко ја обвини Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) за кревање на цените и побара од нејзините членки да направат повеќе.

„Монополот на ОПЕК мора да запамти дека цените на нафтата се високи, а тие не прават речиси ништо да помогнат. Тие дури ги креваат цените додека Соединетите Држави бранат голем дел од членките на ОПЕК за многу малку пари. Тоа мора да биде двонасочна улица. Веднаш намалете ги цените!“, напиша Трамп на Твитер.

Републиканскиот претседател во изминатите недели во неколку наврати ја нападна ОПЕК. Зголемувањето на цената на бензинот би можело на Трамп да му создаде политичка главоболка пред конгресните избори кои ќе се одржат во ноември.