Владата по денешната седница соопшти дека Европската Унија ѝ доделила на земјава дополнителни финансиски средства во износ од 8.042.982 евра за секторите транспорт и животна средина и климатски промени.
Како што соопшти Владата, средставата биле доделени како награда за добра изведба на реформските процеси во процесот на европските интеграции.
-На денешната седница Владата на Република Македонија донесе одлука да ја поздрави одлуката на Европската Унија да и додели дополнителни финансиски средства во износ од 8.042.982 евра за секторите транспорт и животна средина и климатски промени, како како награда за добра изведба на реформските процеси во процесот на европските интеграции- се вели во дописот од Владата.