Економија 07. февруари 2020. / 12:12

Документите за криминалот во ТЕ-ТО, министерката Кочоска ги предаде во МВР

Документите за криминалот во ТЕ-ТО, министерката Кочоска ги предаде во МВР

Имаме основи за сомневање за сторен криминал, злоупотреба на државни пари и индиции за нерегуларности при постапката за доделување на државна помош во ТЕ-ТО, изјави дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска – Кочовска во врска со случајот околку доделувањето државна помош на оваа фирма.

Таа вели дека од документите кои на 10-ти минатиот месец преку архивата на МФ ги доставиле од Здружението за заштита на правата на акционерите на Топлификација АД Скопје, постојат индиции за неправилности со кои им се нанесувало индиректно штетета на акционерите на начин што ваквата постапка влијаела на претходно воспоставени правни односи меѓу двата субјекти за кои има граѓански но и активни кривични постапки .

Согласно нејзините надлежности  министерката Кочоска рече дека соодветно регагирала и целосната документација ја предала до Министерството за внатрешни работи.

Заменик министерката за финансии рече дека со доделувањето на дрќавната помош ТЕ-ТО е повластена споредено со конкуренцијата. Дополнително, вели таа, требало да се земе предвид дека ТЕ-ТО е фирма за која се водат истраги во кривичка постапка, а веројатно и кривични постапки за кои Финансовата полиција заради постоење сомнение за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Лажен стечај“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, поднела пријава до Јавното обвинителство.