Компанијата „СВ ИНВЕСТ“ која се поврзува со името на Вице Заев – брат на премиерот Зоран Заев – добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК БИТОЛА, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Лидер прв пишуваше за последната јавна набавка во четири очи која ја доби „СВ ИНВЕСТ“ од РЕК БИТОЛА, на 4 октомври од извори од државната електрана добивме информации дека токму оваа компанија ќе ќари 18 милиони денари без тендер, во 4 очи (линк).. Нашите пишувања се потврдија на 16 ноември, кога бирото за јавни набавки официјално ја обзнани оваа зделка во 4 очи (линк).
Новите сознанија, до кои стигнавме со анализа на договорите помеѓу „СВ ИНВЕСТ“ и „РЕК БИТОЛА“, потврдуваат дека компанијата која се поврзува со Вице Заев, всушност не ја поседува механизацијата за која ја добила јавната набавка. Во исто време, работниците кои оперираат со оваа механизација – воопшто не се вработени во „СВ ИНВЕСТ“, туку работат во сосема трета компанија. Практично, без да поседува ништо, фирмата има чиста заработка.
Последните 18 милиони кои ги добива „СВ ИНВЕСТ“(22 милиони со ДДВ), се за ангажирање на два типови на механизавија „автодигалка од 13 до 25 тони на транспортни ленти од минимум 100 киловати – гасеничар“ и „Автодигалка од 13 до 25 тони“, за 1 час работа во РЕК, „СВ ИНВЕСТ“ , ќе заработи вкупно 8740 денари (142 евра) за оваа механизација. Вкупната дневна заработка за фирмата „на Вицето“ е 1136 евра, со оглед на тоа што машините работат 8 часа.
Но, она што е фрапантно во оваа ситуација е тоа што ниту телексопскиот чистач, ниту автодигалката не се во сопственост на „СВ ИНВЕСТ“. Документацијата покажува дека телескопскиот чистач е во сопственост на извесна компанија „ДИГЕР ДООЕЛ БИТОЛА“, на Валентино Трајчевски, а автодигалката е на компанијата „СОЛОМОН ИНГ ДООЕЛ, на Васил Лафазановски.
Во исто време. „СВ ИНВЕСТ“ нема ниту работници кои оперираат со овие машини, работниците ги позајмиле од сосем трета компанија, „РУД-КОП БИТОЛА“.
Анализата на договорот со кој „СВ ИНВЕСТ“ добил 22 милиони денари државни пари, покажува дека компанијата земала телескопски чистач од една, автодигалка од друга, а работници од трета компанија. Практично фирмата „на Вицето“ без да поседува механизација и работници, добила 22 милиони во 4 очи!
Претходно, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на прес конференција откри дека камиони од струмичка компанија во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници токму од битолската компанија “СВ ИНВЕСТ”, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК БИТОЛА. Токму поради ова, оваа фантом компанија се поврзува со Вице Заев.
ПРИЛОГ, Договорот помеѓу „СВ ИНВЕСТ“ и „РЕК БИТОЛА“:
линк: https://www.docdroid.net/KkBqiiy/16-142-2018-dogovor-del-2-4-1.pdf