Викендов во Дојран има голема раздвиженост на туристи. Дел од нив се дојдени на викенд, додека други бараат сместување во студио или апартмани за летување во наредниот период. Издавачите на соби тврдат дека нивните капацитети се исполнети и за месец август најмногу од домашни туристи со ваучери за домашен туризам.
Раздвиженост има и покрај кејот на езерото. Плажите исто така се исполнети, но со забележителна дистанца меѓу лежалките.
Градоначалникот на Дојран апелира на почитување на мерките и прооколите за спречување на ширење на Ковид 19 за сите што престојуваат во ова туристичко место. За таа цел отоврени се повеќе простори за плажи за да се одржува физичка дистанца
Дојранчани сметаат дека со ваучерите сезоната ќе трае и во септември, бидејки добар дел од заинтересираните бараат сместување и во овој месец што не беше случај изминатите години.