Економија 04. април 2018. / 10:39

Дојде живот: Фирмата на Кочо Анѓушев освои дури 50% од пазарот со струја

Дојде живот: Фирмата на Кочо Анѓушев освои дури 50% од пазарот со струја

Вицепремиерот Кочо Анѓушев интензивно се богати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика.

Потрошувачите на електрична енергија кои се снабдуваат на слободниот пазар, во текот на 2017 година беа снабдувани од 17 активни снабдувачи и трговци со електрична енергија.

Најновите податоци на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека во минатата година компанијата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев била убедлив лидер односно продала 1,1 милион мегават-часови струја што е 49,06 отсто од вкупните продадени количини на слободниот пазар.

Анѓушев најави дека компанијата ќе ја продава на Грчките државни електрани. Што значи дека наскоро наскоро, половина од парите заи ндустриска струја во Македонија, ќе завршуваат во буџетот на Република Грција.