Економија 05. август 2019. / 15:09

Директори од ЕЛЕМ не поднеле анкетни листови – Антикорупциска покренува постапка

Директори од ЕЛЕМ не поднеле анкетни листови – Антикорупциска покренува постапка

Антикорупциската комисија ќе поведе прекршочна постапка против седум директори во рударско-енергетските комбинати што се во составот на АД Електрани на Македонија бидејќи не доставиле анкетни листови, објави Макфакс.

Глоба од 150 евра ќе треба да платат Васко Ковачевски, екс директор на РЕК Битола, сега прв човек ЕСМ, Ѓоко Ташев, кој ја извршува функцијата в.д. директор на ХЕЦ Тиквеш, Ѓорѓи Божиновски, в.д. директор на ХЕС Маврово, Златко Пиперковски, в.д. директор ХЕС Треска, Стево Попоски, в.д. директор на Енергетика Скопје и Ќерим Халили, директор на РЕК Осломеј.