Економија 26. февруари 2019. / 11:30

Димовски: СДСМ се надминува и себе си во неработење – ниту гради, ниту реконструира

Димовски: СДСМ се надминува и себе си во неработење – ниту гради, ниту реконструира

Катастрофален степен на реализација на капиталните расходи од Буџетот е исходот од минатата година, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според Димовски Владата предводена од СДСМ, мора да поднесе одговорност за нереализацијата на капиталните расходи. Уште пострашно е тоа што таквото темпо продолжува и оваа година.

– Капиталните расходи на Владата се мерката по која се мери колку Владата и државните институции изградиле или реконструирале (патишта, улици, училишта, болници, библиотеки,…)…

Вкупната сума за предвидени средства за капитални расходи ја утврдува Собранието врз база на предлог и проценка на Владата за тоа колку таа цени дека знае и може да инвестира во изградби и реконструкции на капитални објекти (сами колку побарале)…

Капиталните расходи од Буџетот на државата се најкорисниот дел од средствата на државата со кои може да се покрене и влијае на позитивниот развој на економијата, но и да им се помогне на граѓаните во нивните конкретни потреби, да имаат подобри патишта, подобри училишта, болници… – напиша Димовски на Фејсбук.

Тој констатира дека во месец јануари вкупната реализација на капитланите расходи изнесувала 1,09 проценти, што значи немало никакво градење.

– Покрај катастрофалниот степен на реализација на капиталните расходи од Буџетот за минатата година (во превод: најмалку се градело), Владата и оваа година продолжува со исто и дури полошо темпо.

Вкупната реализација на капиталните расходи во месец јануари 2019 година е: 1,09%

1,09% е рамно на катастрофа…

Толку низок степен на реализација на капитални расходи (во превод: градење) немало никогаш…

СДСМ се надминува и себе си во неработење…

Време е за одговорност… – смета Димовски.