Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук профил, истакна дека гувернерот Димитар Богов исклучително добро ја извршувал својата функција.
„Димитар Богов се покажа и докажа како исклучително добро решение за позицијата Гувернер на Народна Банка на Македонија.
Треба да се потенцира дека и во време на политичка криза дома и меѓународна финансиска криза во светот успешно се справи со бројните предизвици со кои се соочи монетарната политика.
Со реизбор на Богов, ќе го покажеме она што од нас го бара ЕУ – ставање на професионалноста пред партиската афилијација.
СДСМ и ДУИ постапуваат неодговорно кон највисоката позиција во монетарниот сектор само за да си ги задоволат партиските пазарења.“, напиша Димовски на Фејсбук.