Економија 25. April 2019. / 17:42

Димовски: 2019-та е економски изгубена година – капиталните расходи во првите три месеци изнесуваат само 6,21%

Димовски: 2019-та е економски изгубена година – капиталните расходи во првите три месеци изнесуваат само 6,21%

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека со СДСМ на власт, 2018 година беше економски лоша година, а 2019 економски изгубена година.

2018 година, СДСМ на власт, економски лоша година: 
капитални расходи во првите три месеци само 29 милиони € или само 7,46% од предвидените средства…

2019 година, СДСМ уште малку на власт, економски изгубена година: капиталните расходи во првите три месеци се уште пониски и помали и изнесуваат само 26 милиони € или 6,21% од предвидените средства…

Сите очекуваа да научат нешто, тие уште послабо работат!
Полоши се од самите себе!
Ова не се поправа! НЕ ГИ БИВА!
Ова треба да заврши поскоро!

П.С. Капиталните расходи во буџетот се оние средства што државата ги користи за поправање и правење на болници и училишта, за градење и реконструкција на патишта, за нови градинки, за водоводи, за канализациони системи, за хидросистеми, за нови театри, за нови спортски сали, за изградба на колектори, за се што значи градба и реконструкција…

П.С.С. Годинава имаме историски најголем буџет и зголемени даноци и историски најмалку пари за граѓаните, напиша Димовски на Фејсбук.