Економија 29. декември 2020. / 23:36

Димитриеска – Кочоска: Ова е најлошата економска година, Владата буквално прави „купи ден – помини”

Димитриеска – Кочоска: Ова е најлошата економска година, Владата буквално прави „купи ден – помини”

-Ги гледате парите како купче. Во даден момент не можете дa знаете што ќе се случи. Во месец март има почеток на корона кризата и се носaт мерки и се вели рестораните ќе се затворат, игротеки и така натака, и сега вие се доведувате во ситуација да се прашате како тоа ќе се одрази на приходите што ги собира државата,  изјави Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телeвизија.

Односно колку тоа ќе значи помалку ДДВ, рестораните не работат, нема промет сега колку е тоа. Се сеќавам дека во април тогашната министерка за финансии побара ваков податок од УЈП и настана една збрка, бидејќи вие не сте подготвени сега од целиот тој притисок и незнаењето што како понатаму кога ќе обезбедите пари, сега вие правите некакви анализи, барате податоци за нешто што требало со години наназад да го имате пред вас, појасни Димитриеска – Кочоска.

Таа најодговорно тврди дека такви податоци немало.

Тука е купи ден – помини. Владата нема јасна структура на сите оние даноци што ги прибираат по дејности тогаш,  рече Димитриеска – Кочоска.