Економија 03. март 2020. / 16:35

Димитриеска-Кочоска: Македонија денес се задолжи 8.1 милијарда денари, нема никакво враќање пари во стопанството

Димитриеска-Кочоска: Македонија денес се задолжи 8.1 милијарда денари, нема никакво враќање пари во стопанството

Македонија денес се задолжи 8.1 милијарда денари за да може да се раздолжи утре. Нема никакво враќање пари во стопанството како што пишува во соопштението од Министерството за финансии. Ова е лажно претставување на фактите, бидејќи парите ќе се вратат на финансиските институции (банките), реагира дополнителниот заменик министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

-МФ и Владата не мислат на стопанството, да мислеа немаше данокот на добивка и понатаму да паѓа, односно стопанството и понатаму да тоне. Само од јануари до денес нето задолжувањето изнесува цели 52 милиони евра. Oва е моменталната ситуација во државата: Државата се задолжува, капиталните инвестиции се на рекордно најниско ниво, што значи имаме непродуктиви трошења. Понатаму, она што треба да биде двигател на економијата, а тоа е бизнисот или стопанството, секој ден бележи се полоши резултати за што доказ е и данокот на добивка, кој има помала реализација во однос на лани за 17,75% (јан-фев 2020/2019), се наведува во соопштението.

Посочуваат дека данокот на добивка не е остварен за 27,01% во однос на планираното (јан-фев 2020).

-Како ќе се раздолжуваме и ќе реализираме капитални инвестиции, ако не можеме да си го оствариме она што е планирано?!-прашува Гордана Димитриеска – Кочоска.