Економија 25. декември 2018. / 17:04

Денеска Владата не задолжи за нови 30 милиони евра

Денеска Владата не задолжи за нови 30 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска одржа аукција на хартии од вредност со која повлече нови 1,9 милијарди денари односно нешто над 30 милиони евра.

 

  

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

Истовремено расте и јавниот долг. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка.