Економија 01. ноември 2018. / 09:53

Денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

Денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за Предлог измените и дополнувањата на буџетот. Членовите на Комисијата четврти ден ќе расправаат за ребалансот на Буџетот.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за култура и за труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за култура се Предлог законот за дополнување на Законот за аудиовизуелни добра, во второ читање, како и Извештај на Работната група на Комисијата за посетата на институциите од областа на културата.

Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во второ читање.