Економија 08. јуни 2020. / 09:18

Денеска нови цени на горивата

Денеска нови цени на горивата

Денес РКЕ се очекува да ги определи новите цени на горивата кои ќе стапат во сила до следниот понеделник.

Минатата недела цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,5 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство остана иста како пред две недели, односно изнесува 37,50 ден/лит.