Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила сѐ до следниот понеделник.
Согласно последната одлука на Комисијата бензините се зголемија за 0,50 денари, а цената на дизелот остана иста.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за 0,50 денари.
По какви цени ќе се точи гориво во оваа недела ќе дознаеме напладне.