Денеска на интернет страницата на Генералниот секретаријат на Владата ќе бидат објавени фирмите, кои земале државни субвенции, но наместо парите да им ги дадат на своите вработени, тие ги задржале за себе, дознава Фактор.
Според Фактор, откако директорката на Управата за јавни приходи , Сања Лукаревска најави и казни, некои газди побрзале да им ги исплатат платите на вработените за да избегнат глоби.
Ваквиот чин на фирмите и „газдите“ наиде на остра осуда во јавноста, а одделни институции побараа и кривична одговорност за нив.