Економија 27. ноември 2019. / 23:02

Даути: Со новиот буџет СДСМ ќе купува гласови на следните избори

Даути: Со новиот буџет СДСМ ќе купува гласови на следните избори

Предлог буџетот е за предизборно ориентиран и не одговара на реалниот економски развој на државата, вели Илире Даути од Алијанса за Албанците, во вечерашното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат. Во својата реплика по излагањето на заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, Даути вели дека буџетот ќе биде способен само да го покрие периодот до предвремените избори и исто како и ланскиот, ќе мора да претрпува ребаланс.

Ова е изборен буџет, буџет ориентиран за тековни трошоци, ориентиран за вработувања, зголемување на пензиите, за што не сме против, туку мислиме дека треба уште повеќе да се зголемат, оти навистина граѓаните имаат потреба од поголеми плати и пензии, како и за работни места, што е суштинско и им припаѓа на граѓаните, сепак такво ориентирање на буџетот во оваа фаза остава впечаток дека се обидува да им се стави до знаење на граѓаните дека се прави буџет кој е ориентиран кон нив, а реално е буџет кој Владата го ориентирала кон себеси за да го направат за себе, да купат гласови на следните избори, рече Даути.