Продолжува истрагата на Европската комисија против Словенија за наводна незаконска државна помош за банката НЛБ која и натаму е во мнозинска државна сопственост иако планот бил владата од Љубљана да најде инвеститор кој би презел акции во износ од 75% минус една акции од сопственичкиот удел до крајот на 2017 година.
Во писмото кое Европската комисија го достави до Словенија е наведено дека неисполнувањето на роковите за продажба на банката НЛБ значи дека државната помош доделена од 2012 до 2017 година е најверојатно надвор од законските прописи.
Доколку истрагата на Европската комисија заврши потврдно, тогаш НЛБ ќе мора да ги враќа државните парични средства поради поовластена положба на внатрешниот пазар.
Во Словенија јавното мислење е против продажба на НЛБ.