Економија 26. ноември 2019. / 11:04

Дали новата премиум тарифа за изградба на фотонапонски централи ќе им преседне на инвеститорите?

Дали новата премиум тарифа за изградба на фотонапонски централи ќе им преседне на инвеститорите?

Со Одлука на Владата, новите фотонапонски централи нема повеќе да имаат повластена тарифа, туку само премиум тарифа чија максимална вредност може да достигне 15 €/MWh за произведена електрична енергија.

Согласно новиот Закон за енергетика кој беше наречен „револуционерен“, повластениот производител кој користи премија се избира преку спроведување на тендерска постапка со аукција за доделување на право за користење на премии за повластени производители. Висината на тарифата за премија се одредува со е-аукција почнувајќи од највисоката вредност-15 €/MWh.

Добивањето на електричната енергија од сонцето како обновлив извор е единствен каде согласно Уредба донесена од Владата во 2019 година нема повеќе повластена тарифа за произведената електрична енергија, туку само премиум тарифа. Кај сите други извори на обновлива енергија (вода, ветер, биомаса и биогас) постои повластена тарифа загарантирана во определен период (15-20 години) која производителот-инвеститор ја добива како загарантирана вредност од државата за откуп на произведената електрична енергија, која се движи од 89 €/MWh за ветер, до 120 €/MWh за вода и до 150 €/MWh за биогас и биомаса. Инаку пред да се донесе гореспоменатата Уредба во февруари 2019 година, повластената тарифа за електрична енергија добиена од фотонапонските централи изнесуваше 120 €/MWh, за централи со моќност над 1 MW и 160 €/MWh, за централи со моќност под 1 MW.

Во периодов пред изборите во државата се распишаа неколку тендери за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште, и тоа во јули и октомври 2019 година. Добитнитиците на овие тендери ќе користат само премиум тарифа, а произведената електрична енергија ќе ја продаваат слободно на пазарот.

Како новина се воведе УСЛУГА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ШТО КОРИСТАТ ПРЕМИЈА, т.н. off-taker кој во Законот за енергетика , Правилникот за обновливи извори и сите други подзаконски акти поврзани со оваа проблематика воопшто не постои како можност. Тоа е снабдувач или трговец, одбран на тендер кој произведената електрична енергија од сонце би ја откупувал од производителите за следните 5 години. Овој снабдувач е избран избран на аукција, со улога купувач во краен случај. Тендерот за избор на off-taker беше објавен во септември годинава.
Предмет на електронската аукција е рабатот изразен во процент кој претставува однос помеѓу цената по која купувачот во краен случај ќе ја купува електричната енергија произведена од сонце и референтната цена, која претставува часовна цена објавена на web страната на HUPX ( берза на енергенти), за часовите во кои имало испорака на електрична енергија од сонце во пресметковниот период во кој е извршена купопродажбата на електрична енергија.

https://hupx.hu/en/

На е-аукцијата за почетен износ се поставува најнискиот рабат изразен во процент од сите прифатливи понуди. За понудувачот да биде поканет на електронска аукција, понудениот рабат изразен во процент во неговата првична понуда не смее да надминува 10%.
За успешно спроведена аукција потребно е да има најмалку едно негативно наддавање на кое што е понуден износ на рабат понизок од почетниот износ.
На успешно спроведениот тендер во септември и аукцијата во октомври годинава победи компанијата Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДООЕЛ Скопје,која пак се продаде на грчката државна компанија PPC.

http://www.economy.gov.mk/Upload/Documents/Soopstenie(1).pdf

Дали ова значи дека државната грчка компанија ќе ја откупува „зелената енергија“ од Македонија по многу поволни цени на сметка на вложувањата на инвеститорите кои ќе се задолжуваат по банките за да изградат вакви сончеви централи? Повластените производители на електрична енергија од сонце ќе добијат премиум тарифа според тендерот, а цената по која ќе им се откупи струјата ќе ја одреди снабдувачот (off-taker), секако намалена за рабатот од 9,55 % и трошоците за балансирање.

Посебно е интересно што во Законот за енергетика е дефинирана уште една категорија т.н. „Гаранции за потекло“.

Агенцијата за енергетика води регистар на издадени, пренесени и одземени гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори на енергија (во натамошниот текст: гаранција за потекло), кој се објавува на нејзината веб страница.

Гаранции за потекло може да добие производител на електрична енергија од обновливи извори на енергија којшто за електроцентралата не се стекнал со статус на повластен производител.
Посебно е интересно што постои можност и за користење на гаранции за потекло од страна на снабдувачи и трговци со електрична енергија. Според актуелниот Закон за енергетика, Снабдувачот и/или трговецот кој продава електрична енергија на потрошувачите може да го докаже учеството или количината на електрична енергија од обновливи извори во енергијата што ја продава со гаранции за потекло. Количината на енергија од обновливи извори, која е наведена во гаранцијата за потекло што е пренесена од снабдувачот и/или трговецот со електрична енергија на трети лица, се одзема од учеството на енергија од обновливи извори во енергетскиот микс на снабдувачот и/или трговецот.
Ова значи дека производителите на електрична енергија од сонце кои ќе добијат премиум тарифа после учеството на тендерот, стануваат повластени производители кои согласно на „револуционерниот“ Закон за енергетика не можат да добијат гаранции за потекло. Но, затоа пак постои можност за користење на гаранции за потекло од страна на снабдувачи и трговци со електрична енергија.
Ако се земе во предвид кој актуелен политичар од власта најмногу се занимаваше со дејноста трговија и снабдување со електрична енергија, тогаш еве го одговорот на прашањето: дали Законот за енергетика беше навистина „револуционерен“ и правен да задоволи нечии апетити?
Секако дека да и тоа на грбот на македонската економија и домашните инвеститори, кои треба да се задолжат по банките за да изградат производен капацитет-фотонапонска централа и да го отплаќаат кредитот. За произведената енергија од сонцето ќе добијат цена по која избраниот на тендер off-taker ќе им ја откупи произведената електрична енергија, намалена за процентот на рабатот и балансирањето. Ако се земе во предвид цената на електричната енергија на унгарската берза каде во моментов се движи околу 56 евра за MWh, тогаш за очекување е овие производители на електрична енергија од фотонапонски централи да успеат да добијат најмногу 50 евра за MWh од страна на off-taker-от, не земајќи во предвид колку ќе им биде наплатено за балансирањето. Секако ова е многу помалку од оние фотонапонските централи чија повластена тарифа до фервруари 2019 изнесуваше 120 €/MWh.
Се поставува прашањето: Кому ова ќе му одговара најмногу? Се разбира на off-taker-от, т.е. компанијата ЕДС ДООЕЛ Скопје