Фриленсерството сѐ повеќе станува избор во Македонија. Убава и платена работа во Македонија ќе најдеш само ако имаш добри врски или ако си член на некоја политичка партија која во моментов е на власт, во спротивно или ќе си без работа, или ќе работиш било што ќе најдеш, или ќе бидеш платено мизерно, а може и да се случи воопшто и да не добиеш плата.
Наместо тоа, Македонците преку интернет се почесто работат книговодствени, транспортни и софтверски услуги за компании од надвор. Барајќи нешто подобро, младите се одлучуваат да работат од дома, да бидат фриленсери.
Оваа работа, како и секоја друга, бара многу труд, исполнителност и, пред сѐ, самомотивација. Колку повеќе работиш, толку повеќе ќе заработиш. Па така, колку ќе ти биде платата, зависи од самиот тебе. Некои се платени од час, а некои имаат фиксна плата, или фиксен проект. Заработките најчесто се движат меѓу 300 и 2.000 американски долари.