Економија 14. август 2020. / 19:30

Да се отворат границите за извоз, откупните цени да бидат како ланските или лозарите масовно ќе протестираат

Да се отворат границите за извоз, откупните цени да бидат како ланските или лозарите масовно ќе протестираат

Да се отворат границите за извоз на македонско грозје и да се контактира со странските амбасадори околу ова прашање, побараа вечерва лозари на состанок со пратеници од  редовите на ВМРО ДПМНЕ од Тиквешијата.

На средбата од одржаниот состанок со здруженијата Напредни лозари и Тиквешки лозароовоштари, се донесоа неколку заклучоци

Цените на сортите Вранец и Смедеревка да не бидат пониски од минатогодишните и тоа 11 денари за Смедеревката со 16 шеќерни единици и 13 денари за Вранец со 18 шеќерни единици. За секоја шеќерна единица повеќе да се доплаќа дополнително и на овие цени да се додадат минимум 3 денари субвенционирање по килограм предадено грозје.

Да се отворат границите и веднаш да се воспостават контакти со Амбасадите од соседството и ЕУ, да се информираат со вишокот на грозје кое го имаме и да се поедностават административните бариери кои ги имаат откупувачите извозници на грозје.

МЗШВ заедно со државен инспекторат за земјоделие да извршат увид во сите винарски визби за да се констатира моменталните залихи на наливно и флаширано вино, најдоцна до Среда 19.08.2020 год.

Вишокот на грозје да го откупи  државата по цена иста како под точка бр. 1 и со истите услови за субвенции и да го преработи во вински дестилат како државни резерви.

Доколку до крајот на следната недела не се излезе во пресрет на лозарите да се прифатат нивните барања, тогаш ќе се пристапи кон масовни протести, блокади и граѓанска непослушност.