Економија 23. јули 2019. / 22:45

Царовска: За прв пат лицата со тешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од 8000 денари

Царовска: За прв пат лицата со тешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од 8000 денари

Министерката Мила Царовска придружувана од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и други членови на СДСМ, попладнево одржа маалска средба со граѓаните на општина Центар.

На средбата со присутните граѓани се зборуваше на повеќе актуелни теми кои ги засегаат граѓаните, но и теми од областа на социјалната политика кои ја унапредуваат детската и социјалната заштита.

Министерката потенцираше дека социјалните реформи даваат видливи резултати, а како дел од тие реформи се и покачувањето на платите на вработените во градинките за 16 отсто, раст на платите на социјалните работници за 23 отсто, вработувања на нови кадри во градинките што воедно претставува вложување на квалитетот на услугите во детските градинки.

Истовремено, порача Царовска, бележиме тренд на раст на пензиите кои растат и ќе продолжат да растат согласно трошоците за живот и растот на економијата.

Осврнувајќи се на мерките од социјалната заштита, членката на ЦО, Царовска, истакна дека за прв пат лицата со тешка и најтешка интелектуална попреченост добиваат месечен надомест од државата од 8.000 денари, додека, персоналната асистенција во домот е нешто што исто така за прв пат се воведува, а државата го пренесува на локално ниво односно на општините.

Зголемената социјална помош за 300 отсто, зголемениот опфат на деца за детски и образовен додаток се само дел од мерките од новата социјалната реформа која обезбедува повеќе пари кај граѓаните, ја намалува детската сиромаштија и ги унапредува правата на лицата со попреченост – посочи Царовска.