Со најавеното зголемување од 700-ни денари на почетокот на идната година, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари, најави министерката за труд и социјала Царовска. Вели дека е најголемо во изминатите 12 години. Од Сојузот на здруженија на пензионерите ја поздравија одлуката.
Пензиите растат согласно со растот на економијата. Со најавеното зголемување од 700 денари, во почетокот од идната година, просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари, најави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Потенцира дека откако СДСМ е на власт зголемувањето изнесува илјада 746 денари, најголемо во последните 12 години.
Ова зголемување, нагласи Царовска, е најголемо во последните 12 години затоа што не се прави изземање на законски планираната индексдација на трошоците на живот. Таа останува во системот и на тој начин го држиме стабилен, а секогаш кога ќе се појават овие два дополнителни индикатори- раст на БДП над четири проценти или раст на минималната и просечната плата, ќе ги зголемуваме трет пат пензиите, истакна министерката на денешната прес- конференција во Владата.
Од Сојузот на здруженија на пензионерите ја поздравија одлуката.