Економија 01. јуни 2018. / 13:17

Царовска: Ги одби барањата на текстилниот кластер

Царовска: Ги одби барањата на текстилниот кластер

Барањата на текстилниот кластер да добијат субвенции од државата се неприфатливи за Владата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Царовска кажа дека на 1 мај кога имале средба со Организацијата на работодавачи и била презентирана мерката за субвенцинирање на сите плати меѓу 12.000 и 18.000 денари и текстилниот кластер се согласил со тоа.

„ Плати исплаќаат и исплатија минимална плата без да ги користат субвенциите. Сметам дека она што тие го бараат е неприфатливо за Владата, затоа што бараат да се анулираат придонесите во Фондот “– рече Царовска.

Од текстилниот кластер вчера побараа да добијат субвенции за компаниите и да се врати нормата за исплата на минимална плата.

„Ние она што го бараме цело време е трудоонтензивните гранки да се ослободат од плаќање на дел од придонесите и да се пренасочат во џебовите на работниците. Тоа значи дека целиот износ нема да биде загуба за буџетот на Р.М. туку дел од нив ќе се вратат преку ДДВ “- изјави Мирјана Перковска, претседателка на Кластер за текстил.

Тие побараа 50 проценти од придонесите да бидат на товар на државата.