Економија 24. декември 2020. / 12:18

Бремените жени ослободени од работа со физичко присуство

Бремените жени ослободени од работа со физичко присуство

Владата на Република Македонија денеска преку соопштение истакна дека сите бремени жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата.

-Владата на Република Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со Ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација, стои во соопштението.

Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести.