Економија 18. октомври 2018. / 16:52

Богоевски за „Лидер”: Парите за образование се кратат, но не значи дека нема да има пари наредната година

Богоевски за „Лидер”: Парите за образование се кратат, но не значи дека нема да има пари наредната година

Од ребалансот на буџетит, се чини, најмногу ќе настрадаат младите. Министерството за финансии крати цели 170 милиони денари за изградба и реконструкција на студентските и ученичките домови, што беше едно од најистакнатите ветувања на сегашната Влада во предизборната програма насловена „За живот во Македонија”.

Се кратат и 48 милиони денари за превод на книги од реномирани автори, а дури 87 милиони за изградба и реконструкција на основни училишта. Владата крати и 30 милиони денари, наменети за изградба на училишни спортски сали, 43 се одбиваат од контото за изградба и реконструкција на средни училишта и 50 милиони денари за спортски објекти.

Пратеникот Павле Богоевски кој за време на предизборната кампања се истакна во делот за младински политики, во изјава за Лидер вели дека кратењето на пари за него е очекувано ако се има предвид дека голем дел од проектите не се реализирани.

-Кратењето на средствата од таа ставка на буџетот преку ребаланс на буџетот е очекувана, бидејќи не се реазлизрани проектите. Зошто не се реазлизирани? Може да даде одоговор само надлежното министерство, доколку тие средства не бидат пренаманети, тогаш би останале бесцелно врзани за проекти кои не може да се очекува да се реазлизраат оваа година. Овој ребаланс не значи дека наредната година нема да има преддвидени средства за истата намена – вели пратеникот Павле Богоевски за Економски Лидер.