Економија 18. јуни 2019. / 18:10

Бизнисмените од индустриската зона Визбегово излегоа на протест

Бизнисмените од индустриската зона Визбегово излегоа на протест

Колони автомобили, прашина, гужва и нервоза…Вака изгледа едно работно утро на патот кон индустриската зона Визбегово. Градежните зафати на мостот на Серава, повеќе од еден месец го отежнуваат сообраќајот. Освен трпение, бизнисмените велат губат и приходи, пренесува 24.mk.

Светлана Пљакоска е сопственичка на една од фирмите во индустриската зона Визбегово. Која заедно со нејзините колеги од другите компании во овој реон, во знак на револт, денеска излегоа и на протест.

Продуктивноста ни е тотално нарушена, неверојатна фрустрација предизвикува кај сите што работат во оваа зона“ „Чекањето, трошењето гориво и загадувањето тука чини повеќе од мостот“ „Eве зборуваме и за Европска Унија а без проток на луѓе, капитал, идеи, не знам таму како сакаме да одиме, и каде без инфраструктуа, велат членови на Здружение на приватни стопанственици од индустриска зона Визбегово – Стенковец

По патот сега се вози по една коловозна лента, со што се создава гужва, бидејќи фрекфентоста во овој регион е голема. Освен за бизнисот, оваа магистрала е клучна и за поврзување на повеќе делови низ Скопје, а истовремено е главен пат кој води кон Косово. Засегнатите бараат итна акција од надлежните бидејќи велат освен што им го отежнува секојдневието, претставува и безбедноста закана и за возачите и за пешаците.

Надлежните пак, бараат трпение. Од Град Скопје посочуваат дека рокот за реконструкција на мостот завршува на 2-ри јули, а постапката велат бара време, поради самиот карактер на теренот и градежните материјали кои се користат.

Сепак, освен инфраструктурата, за Визбегово да стане вистинска индустриска зона, недостигаат уште многу клучни елемнти.

Во денешно време, срамота е да се каже дека имаме сите септички јами…Освен што не е тоа еколошки, тоа е трошок на грбот на самите компании, вели Пљакоска.

Во индустриската зона Визбегово има повеќе шест илјади вработени и 300 компании, кои годишно остваруваат добивка и повеќе од 30 милиони евра. Тие сакаат да веруваат дека надлежните ќе се одважат и ќе ги чујат нивните проблеми, за да не бидат приморани после неколку децениска работа, да стават клуч на нивните копмпании.