Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашање, синоќа во своето гостување во „Топ Тема“ на Телма рече дека законот за работни односи со кои ќе биде забрането работењето во недела за повеќето дејности нема да се донесе додека трае пандемијата.
– Три месеци дебатиравме досега за овој предлог-закон, а планираме да дебатираме уште три месеци пред да аплицираме во Собранието. Ние во овој период додека трае епидемијата не сакаме финансиски да им наштетиме на работодавачите, рече Битиќи.
Претходно, Крешник Бектеши, министерот за економија, рече дека лично е против евентуално решение трговските центри да не работат во недела. Вели дека во блиска иднина ќе се инвестира и ќе се изградат и други вакви објекти, па поради тоа нема да биде добро ако им се забрани да работат во вториот ден од викендот.