Економија 18. февруари 2021. / 11:26

Битиќи откри на кој начин ќе се отпишуваат каматите на долговите кон јавните претпријатија

Битиќи откри на кој начин ќе се отпишуваат каматите на долговите кон јавните претпријатија

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи даде објаснувања за тоа како ќе се враќаат каматите на долговите на граѓаните, како една од мерките вклучени во 5-тиот економски пакет.

– Подготвени се законски измени. Граѓаните ќе бидат навремено информирани. Ќе имаат доволно време и уште еднаш појаснив дека тоа ќе трае 5 месеци. Граѓаните ќе бидат поканети индивидуално, според распоредот кога треба да одат во јавните претпријатија. Ова е направено пред сè, зпоради здравјето на граѓаните и тие мора да го почитуваат за да не создадат непотребен хаос пред институциите, рече Битиќи на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека ќе се прават распореди за да не се загрози здравјето на граѓаните. Во меѓувреме, тој појасни за условите за отплата:

-Мора да постојат долгови постари од 3 месеци и граѓаните да имаат желба да ги подмират обврските во моментот на репрограмирање на долговите кон институциите. Зборуваме за долгови што се создадени до ноември 2020 година, рече Битиќи.

Во 5-тиот економски пакет е предвидена отплата на каматата за граѓаните кои имаат долгови кон јавните и општинските претпријатија.